192 милиони долари: За две недели во Лос Анџелес историски продажби на куќи

Сподели со своите пријатели

Коосновачот на Убер, Гарет Камп и неговат апартнерка Елиза Нгуиен купиле куќа на Беверли Хилс за рекордни 72,5 милиони долари, што е најскапата продадена во тој крај.

Loading...

Сепак, ова не била најголемата здела со недвижнини во Лос Анџелес неделава. Холмби Хилс дворецот од 56,500 квадратни метри, некогаш дом на телевизискиот продуцент Арон Спелинг, продадена е за 120 милиони долари.

Вилата во која престојувал принцот Хари се продава за 35,4 милиони евра (ФОТО)

Продажбата на мега дворецот доаѓа во време кога Лос Анџелес се соочува со се поголема нееднаквост и се поголем страв поради станбената криза и драматичниот раст на бројот на бездомници.

Имотот Холмби Хилс, познат како манор, се протега на 4,7 хектари и се смета за најголема семејна куќа во Лос Анџелес. Вилата на имотот е изградена во 1991 година за телевизискиот продуцент Спелинг и има 123 соби и тоа е четврта продажба од 100 милиони долари или повеќе во историјата на ЛА.

На „Островот на милијардерите“ живеат 42 луѓе, а оваа вила е на продажба (ФОТО)

Коосновачот на Убер купил луксузна куќа на Беверли Хилс само неколку недели откако Убер излезе на берзата и значително ги збогати своите веќе богати инвеститотри и основачи.

Камп, канадскиот претпримач со проценета нето вредност од 4,2 милијарди долари, веќе поседува портфолио на луксузни недвижнини во Лос Анџелес, Сан Франциско и на Менхетен.

Loading...

Саудиски принц е купувачот на вилата од 320 милиони долари

Оваа зделка предизвика гнев кај активистите и возачите кои веќе долго протестираат поради праксата за работа на Убер и се борат за подобри услови за работа.

Image by cvcportoalegre from Pixabay

Leave a Reply