Деветнаесет лица во Куманово вчера биле казнети поради возење под дејство на алкохол, односно вкупно 25 на територијата на Секторот за внатрешни работи Куманово.
– Вчера (01.05.2022) од 17.00 до 22.00 часот на територија на СВР Куманово спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 25 возачи,од кои 19 во Куманово ,2 во Крива Паланка и 4 во Кратово, информираат од кумановската полиција.
Засилените акциски контроли, велат од СВР Куманово, продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението.
Никола Ивановски