19 лица загинаа во тајфунот во Виетнам

Сподели со своите пријатели

Бројот на жртви од тајфунот Буалои во Виетнам се зголеми на 19, а уште дваесет лица се водат како исчезнати, објавија денес властите во врска со најразорната бура оваа година во таа земја, во која обилните дождови доведоа до поплави во Ханој и поширокиот север, пренесува Ројтерс.

Според властите, околу 90 лица се повредени.

Тајфунот Буалои предизвика огромни морски бранови во понеделник, со силни ветрови и поројни дождови.

Виетнамскиот премиер Фам Мин Чин повика на итни мерки за помош на луѓето кои се загрозени од уништувањето.

Минатата недела, тајфунот уби најмалку десет лица.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 33 лица во Русија починаа поради нелегална вотка