Деветнаесет лица загинаа, а пет се полесно повредени при уривање на дел од планината на државната шумска фарма во Лешан во провинцијата Сечуан во југозападна Кина.
Работниците во блискиот рудник се евакуирани на безбедно место.
Потрагата и спасувањето заврши во неделата навечер, а истрагата за оваа несреќа е во тек, пишува Global Times.
На местото на настанот се испратени повеќе од 180 спасувачи опремени со 14 специјализирани спасувачки возила.
Во извештаите од местото на несреќата се наведува дека голема карпа паднала и на земјиштето на рударската компанија и уништила некои производствени и станбени објекти.
„Нема многу локални жители кои работат на местото на несреќата, повеќето од работниците и жртвите се од други места“, рече еден од селаните, додавајќи дека патиштата во селото биле затворени по падот, кој очигледно бил предизвикан од обилните врнежи во област.
Вработен во локалната државна администрација потврди дека на лице место се ангажирани спасувачи и додаде дека јавноста ќе биде навремено информирана за ситуацијата.