19-годишник приведен на граничниот премин Табановце

Сподели со своите пријатели

Во текот на вчерашниот ден во 12.30 часот на граничниот премин Табановце, полициски службеници го привеле лицето Б.А. (19) од Скопје бидејќи евидирал на СТОП-Листа и е предмет на потрага за сторено кривично дело „тешка кражба“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во 13.30 часот истиот бил предаден на полициски службеници од Секторот за внатершни работи Куманово за понатамошна постапка.