Кај селото Слупчане, општина Липково, Ј.Д.(19) од село Алашевце, општина Липково, управувајќи патничко моторно возило „фолксваген голф“, со кумановски регистарски ознаки, вчера околу 11:20 часот излетал од патот и се превртел информираат од Министерството за внатрешни работи.
Loading...
Во незгодата, според полицијата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.