19-годишник од Липково остана без мотор, направил сообраќајка, а немал положено

Сподели со своите пријатели

Деветнасетгодишник од липковско бил приведен, а неговиот мотор одземен, откако со него направил сообраќајка, а немал ниту положен испит.

– На 12.02.2026 во 12:30 часот на улица „11-Октомври“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.А.(19) од село Опае, липковско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој со мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, учествувал во сообраќајна незгода со возило „ауди“, а при преземање мерки во врска со незгодата полициските службеници констатирале дека го управувал мотоциклот без да поседува возачка дозвола.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Услови за дожд и засилен ветер

Б.А. бил задржан во Полициска станица Куманово, а мотоциклот бил одземен.

– По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски