19-годишник од Куманово возел двојно над дозволеното, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Деветнаесетгодишник од кумановско вчера бил приведен откако полицијата констатирала дека возел повеќе од двојно над пропишаното.

– На 08.12.2025 во 07:55 часот на улица „11 Октомври“  во Куманово полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.Г.(19) од село Романовце, кумановско, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од кумановската полиција, при контрола во сообраќајот со радар, полициските службеници констатираа дека управувал патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки со брзина од 91 километри на час на место каде со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 40 километри на час.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 27-годишник од Куманово баран со потерница

– По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Никола Ивановски