18 литри дожд претпладнево во Куманово

Сподели со своите пријатели

Претпладнево во Куманово наврнале вкупно 18 литри дожд на метар квадратен, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Од врнежи е зафатена целата држава, а најмногу дожд паднал во Дебар дури 32 литри на квадрат.

Мерењата се извршени во период од 06:00 до 13:00 часот денеска, потенцираат од УХМР.

За регионот на кумановско денеска е издаден жолт метео аларм за предупредување од дожд, а како што додаваат синоптичарите бидејќи се очекува да наврнат и над 20 литри дожд во текот на денот.

Дождот во Куманово се очекува да престане во попладневните часови, но нови врнежи се очекуваат веќе во петок.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Полицијата им укажуваше на кумановци како да се заштитат од телефонски измами

Никола Ивановски