18 лица се повредени во пожар во Германија, меѓу кои пет деца

Сподели со своите пријатели

Во пожар што избувна во станбена зграда во Гелзенкирхен, Германија, повредени се 18 лица, меѓу кои пет деца.

Loading...

Еден од повредените е во животно загрозувачка состојба, пишува германски Билд.

Пожарот избувнал во зграда во која живееле нешто повеќе од 20 луѓе.

Првиот повик до итната помош бил синоќа во 20:55 часот, а на местото на несреќата биле испратени повеќе од 50 возила на итната помош.

Многу жители успеале да побегнат, додека други биле спасени од пожарникарите.

Во моментов властите ги истражуваат причините за пожарот.

 

Loading...