Вкупно 18 села од кумановскиот крај во текот на утрешниот ден во период од 07:00 до 15:00 часот ќе останат без електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Станува збор за селата: Старои Младо Нагоричанеселата, Кшање, Скачковце, Градиште, Кучкарево, Јачинце, Клечовце, Бењаковце, Облавцве, Руѓинце, Бајловце, Дренак, Драгоманце, Жегљане, Пелинце, Челопек и Никуљане.
Прекини на повеќе локации во липковскиот крај ќе има и во текот на денешниот ден, поточно во период од 08:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат селата Оризаре, Слупчане, Алашевце, Извор и Рунице.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.
Во текот на вчерашниот ден од таа причина прекини имаше на дел од улицата „Кирил и Методиј“, додека пак во попладневните часови поради силните електрични празнња дојде до дефект кој без струја на одредено време остави 17 локации во градот и околината.