Осумнаесет лица во текот на вчерашното деноноќие биле казнети на подрачјето на Куманово поради непочитување на занонската обврска за задолжително носење маска на лицето.
– Во текот на изминатото деноноќие (05.10/06.10.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 20 лица не ја почитувале, информираат од кумановската полиција.
Од напишаните казни, 18 се на подрачјето на Куманово и 2 во Кратово.
Против нив, како што појаснуваат од СВР Куманово, се поднесени соодветни поднесоци.
Никола Ивановски

