18-годишник возел на „Октомвриска“ со 100 километри на час

Сподели со своите пријатели

Осумнаесетгодишен возач бил приведен вчера попладне на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово оти возел со скоро 100 километри на час.

– На 05.10.2025 во 17:00 часот на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишија од слобода С.Л.(18) од Скопје, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола на патниот сообраќај е констатирано дека С.Л. управувал патничко возило „сеат“ со брзина од 99 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски најави нова детска градинка во населбата Зелен Рид со капацитет за над 400 деца

По целосно документирање на случајот, од полицијата најавуваат пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Никола Ивановски