18-годишник повреден во сообраќајка на Бедински мост

Сподели со своите пријатели

Осумнаесетгодишник од липковско Опае е повреден во сообраќајна незгода која денеска попладне се случи на мостот кон населбата Бедиње во Куманово.

Loading...

Како што информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово, незгодата се случила на улицата „11 Ноември“ во Куманово околу 17 часот, кога С.И. (18) со своето возило удрил во три паркирани автомобили.

– Возачот  С.И.(18) од село Опае кој управувал ПМВ Опел Зафира  со кумановски регистарски ознаки изгубил контрола на возилото и удрил во три паркирани возила, велат од кумановската полиција.

По незгодата возачот С.И. бил пренесен во Ургентен Центар Куманово, а  по укажаната лекарска помош му биле констатирани телесни повреди.

Од страна на СВР Куманово е извршен увид на лице место.

Никола Ивановски / фото: МИА

Leave a Reply