18-годишник излетал од патот кон Никуштак, тројца повредени

Сподели со своите пријатели

Три лица се повредени, од кои едно потешко, откако осумнаесетгодишник излетал од патот од липковско Ропаљце кон Никуштак.

Loading...

– На 11.08.2024 околу 22.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат од  с.Ропаљце кон село с.Никуштак, липковско, патничко возило „нисан“ со кумановски регистарски ознаки, упраувано од И.С.(18) од с.Ропаљце, излетало надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека двајца малолетни сопатници се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Куманово.

Увид на местото на несреќата  извршила увидна екипа од  СВР Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановци обивале и краделе од автомобили, полицијата ги приведе

Никола Ивановски