Осумнаесетгодишна девојка е тешко повредена во сообраќајна несреќа што вчера околу 11:40 часот се случила на магистралниот пат Радовиш – Штип, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Лицето В.Ц. (23) од Куманово, управувајќи патничко моторно возило „Цитроен Берлинго“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Општинската организација на Црвен Крст Куманово од Куманово, изгубил контрола над истото и излетал од патот.
Во незгодата со тешка телесна повреда се здобила сопатничката Б.Ѓ. (18) од Куманово, која е пренесена и задржана на лекување во штипската болница.
Увид на местото на настанот извршила екипа на Секторот за внатрешни работи – Штип.