Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.09.) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Куманово.
Loading...
– Изречени се вкупно 172 санкции, меѓу кои, 28 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 28 за возење без возачка дозвола, санкционирани се 26 мотоциклисти, а изречени се и 17 санкции за неносење заштитна маска, информираат од МВР. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи.
Никола Ивановски