17 жртви: Рекорден снег во Јапонија

Сподели со своите пријатели

Рекордните снежни врнежи во многу делови на Јапонија однесоа животи на 17 лица, повеќе од 90 повредени, а стотици домаќинства оставија без струја, соопшти денеска Јапонската агенција за управување со пожари и катастрофи (ФДМА).

Loading...

Од минатата недела, снегот силно паѓа, особено во северните делови на Јапонија, предизвикувајќи голем сообраќаен метеж на автопатите и доцнење на испораката.

До сабота, 24 декември, зимската бура однесе 11 животи, пренесува Ројтерс.

Божиќниот викенд донесе уште повеќе снег, а бројот на загинати се искачи на 17, додека 93 лица беа повредени.

Многу од повредените паднале од покриви за време на отстранувањето на снегот или на нив паднал снег од покривите на зградите, велат од ФДМА.

На северот на Јапонија во еден момент поради обилните врнежи без струја останаа околу 20.000 домаќинства, но благодарение на брзата реакција на надлежните служби снабдувањето со електрична енергија истиот ден беше вратено во повеќето области.