Најмалку 17 лица загинаа, а 59 се повредени во експлозија во западна Гана кога камион кој превезувал експлозив во рудник за злато се судрил со мотоцикл, изјави министерот за земјоделство и природни ресурси Самуел Џинпур, пренесува Ројтерс.
Експлозијата се случила синоќа меѓу градовите Богосо и Буди во западниот регион.
Граѓаните се советувани да бегаат од загрозените подрачја за своја безбедност додека се во тек напорите за опоравување, се вели во соопштението на полицијата.
Министерството за земјиште и природни ресурси ги истражува причините за несреќата и дали се почитувани прописите за транспорт на експлозиви.
Во тек е потрага по исчезнатите во урнатините и транспорт на повредените во болница, се вели во соопштението на еден од надлежните.
Од блиските градови е побарано да отворат јавни простори, вклучувајќи училници и цркви, за преживеаните.
W/R: Scores feared dead in gas explosion at Bogoso#3NewsGH pic.twitter.com/Dcu04gI247
— #TV3GH (@tv3_ghana) January 20, 2022

