17-годишно девојче доживеало бродолом во Атлантикот: Преживеало три недели без храна и вода

Сподели со своите пријатели

Седумнаесетгодишната Аиша од Брегот на Слоновата Коска преживеала три недели на море без храна и вода, откако бродот што превезувал мигранти потона во Атлантикот.

Од 59 патници, само тројца ја преживеале несреќата, а меѓу нив била и Аиша, пишува Би-Би-Си.

Тоа е најголемата позната трагедија со бродовите кои превезуваат мигранти на Канарските острови.

 

 

Аиша го напуштила својот роден град во ноември и отишла во Мавританија, каде успеа да обезбеди место на бродот.

Само нејзината постара сестра знаела за нејзиниот план да започне опасно патување.

Ја спасил екипажот на шпанското воено воздухопловство.

Leave a Reply