Во текот на вчерашниот ден во 16,25 часот во СВР-Тетово, од Клиничка болница Тетово, било пријавено дека кај нив било донесено 13 годишно лице од село Палатица – Општина Желино, со повреда од огнено оружје во пределот на градниот кош, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Поради сериозноста на повредите, истиот е пренесен во Ургентен центар Скопје, каде му се констатирани тешки телесни повреди. По преземените мерки било утврдено дека настанот се случил во дворното место од ОУ„Фан Ноли“ во селото Палатица, при што 17 годишно лице од истото село со пиштол пукал према оштетениот. Увид на лице место извршила екипа од СВР-Тетово. 17 годишното лице е пронајден и приведен во ПС-Тетово, каде ќе биде задржан се до изведување пред судија за малолетници при Основен суд – Тетово