17-годишен ученик со нож ја уби ствјата наставничка пред училиште, хорор во Русија

Сподели со своите пријатели

Седумнаесетгодишен ученик утрово избодел наставничка во училиште во градот Добрјанка во Пермската област на Русија, по што им подлегнала на повредите.

Убиството се случило утрово во осум часот по локално време, на улицата во близина на влезот во училиштето, јавува ТАСС.

Жртвата била наставничка по руски јазик и литература, која била и класна наставничка на ученичкот.

Наставничката била хоспитализирана во исклучително тешка состојба и не било можно да ѝ се спаси животот.

Напаѓачот има 17 години и е во деветто одделение, а наводно повторил неколку одделенија.

ТАСС дознава дека ученикот и наставничката биле во долготраен конфликт.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Светот никогаш не видел ваква криза со нафта и гас: „Посериозна е од 1973, 1979 и 2022 година заедно“

Напаѓачот моментално е во полициски притвор.

Регионалниот гувернер Дмитриј Махонин изјави дека сторителот бил претходно регистриран.

Во Пермската област, безбедносните мерки се зголемени во образовните институции.