17 ЧАСОТ: Куманово меѓу општините со најмала излезност

Сподели со своите пријатели

Заклучно 17:00 часот во општина Куманово како најголема единица на локалната самоуправа, според бројот на гласачи, своето право на глас го оствариле вкупно 27,41% од гласачите, односно 25.730 лица, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.

Податоците се базираат на обработени 100 отсто од избирачките места.

Со слична нешто помала излезност од Куманово се само општините Шуто Оризари, Гази Баба, Бутел, Чаир и Сарај.

Споредено со излезноста во исто време со првиот круг од изборите во Куманово, се бележи намалување бидејќи тогаш до 17:00 часот своето право на глас го оствариле 35,16% од гласачите.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Први резултати за Куманово: Обрботени над 14.000 гласа

Во споредба со вториот круг од локалните избори во 2021 е значително намалување. Тогаш гласале дури 41,71 отсто од гласачите до 17 часот.

Во Куманово денеска се гласа на 167 избирачки места, а право на глас имаат вкупно 94.041 полнолетни граѓани.

Никола Ивановски