Вкупно 16 точки ќе се најдат на утрешната 38. седница на Советот на Општина Куманово која од 10:00 часот ќе се одржи во просториите на поранешен Комитет.
Пред советниците ќе се најдат разни извештаи, од годишниот извештај на Територијалната противпожарна служба, преземените активности на полицијата, но и извештаи на дел од јавните претпријатија и установи.
Целосниот дневен ред може да го прочитате во продолжение:
1. Информација за превземени мерки и активности во текот на 2023 година на Полициска станица од општа надлежност Куманово;
2. Годишен извештај на Територијална противпожарна единица Куманово за 2023 година;
3. Програма за работа на ТППЕ Куманово во 2024 година;
4. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.10.2023 – 31.12.2023 година;
5. Годишна сметка и финансиски извештај на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2023 година;
6. Извештај за работа на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2023 година;
7. Годишен извештај за работа на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово за 2023 година;
8. Финансиски извештаи на приходи и расходи за 2023 година на Јавната општинска установа Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово;
9. Годишен извештај за настани и манифестации на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово за 2023 година;
10. Извештај за извршување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово и на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за периодот од 1 јануари 2023 година до 31 декември 2023 година;
11. Предлог – Завршна сметка на Буџетот на Општина Куманово за 2023 година;
12. Годишен извештај на Општина Куманово за 2023 година;
13. Извештај за извршениот годишен попис во Општина Куманово со состојба на 31.12.2023 година;
14. Предлог – Одлука за отпис и расходување на основни средства (движни ствари) и ситен инвентар сопственост на Општина Куманово;
15. Извештај за реализација на Програмата на културни манифестации на Општина Куманово за 2023 година;
16. Информација за реализирани активности од Програмата за социјална заштита на Општина Куманово за 2023 година.
Никола Ивановски