16-годишно момче претепано во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во сабота во 23.15 часот, М.Б. (42) од Куманово пријавила дека истиот ден околу 21.30 часот на ул. „Методија Андонов-Ченто“ нејзиниот 16 годишен син физички бил нападнат од страна на неколку непознати лица, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Напаѓачите го удирале со тупаници и клоци во пределот по телото и главата по што го напуштиле местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.