За само еден ден полицијата напишала 156 казни на возачи низ Куманово кои возеле со брзина над дозволената.
– Полициски службеници од СВР Куманово во текот на денешниот ден презедоа мерки и активности во рамки на засилените контроли за санкционирање на возачи што возат со брзина поголема од дозволената и на територијата на Куманово санкционираа 156 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Од сообраќај биле исклучени осум возила, а две возила се одземени поради тоа што учествувале во сообраќај а биле подолг период нерегистрирани, додека 23 биле сакнционирани поради други прекршоци.
– Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, стои во соопштението од кумановската полиција.
Никола Ивановски