Вкупно 155 казни напишала полицијата на возачи во Куманово кои не ги почитувале сообраќајните прописи во изминатава недела.
– Во текот на изминатата недела, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 155 возачи, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од полицијата, најголем број од казните, или вкупно 115, биле изречени на возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната.
9 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 14 за управување возило без возачка дозвола, 7 за нерегистрирани возила и 10 за не носење зимска опрема.
Сообраќајните контроли, посочува полицијата, продолжуваат и во наредните денови.
– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на Секторот за внатрешни работи Куманово.
Никола Ивановски