15 сантиметри снег во Куманово: Улиците и булеварите проодни (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Петнаесет сантиметри изнесувала снежната покривка во Куманово утринава во 7 часот покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

 

 

Улиците и булеварите сепак се проодни, информираше кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

 

 

Loading...

– Екипите за зимско одржување во вечерните часови интервенираа на коловозите распрскувајќи сол. Улиците и булеварите се проодни, а екипите на ЈП Чистота и зеленило вршат расчистување на тротоарите и пешачките патеки. Активно ја следиме состојбата со снежните врнежи, вели градоначалникот.

 

 

Според УХМР, во текот на изминатото деноноќие на површината на Куманово паднати се 25 литри воден талог на метар квадратен.

 

 

Loading...

Во текот на денешниот ден времето ќе биде облачно со повремени врнежи од снег на планините и на повисоките места.

 

 

На југоистокот врнежите ќе бидат од дожд, а на пониските места во останатите делови од земјата тие повремено ќе преминуваат од дожд во снег особено во ноќните и утринските часови.

 

 

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply