Што мислиме кога велиме дека човекот е зрел? Дали ова значи дека станува збор за полнолетна личност или можеби личност која е одговорна или личност која може да ги контролира своите емоции?
Зрелоста не е секогаш одраз на староста, иако најмногу е поврзана со животното искуство. Ја препознаваме по промената во нејзиното размислување и однесување. Тоа го менува нашиот став за животот и ни помага да ја насочиме нашата енергија таму каде што е најпотребно.
Можеме да се обидеме да бидеме позрели, но напредокот нема да се случи преку ноќ. Треба да бидеме трпеливи, смирени и фокусирани на она што е важно. Знакот на зрелост не е нужно нешто што го правиме конкретно, туку пред се е нашата воздржаност од непродуктивно размислување и однесување.
Доколку сакате да се однесувате позрело, ве советуваме да не ги правите следните 15 работи:
- Не обрнувајте премногу внимание на тоа што другите мислат за вас;
- Не бегајте од вашите проблеми;
- Кога нешто тргне наопаку, немојте веднаш да ги обвинувате другите, туку преиспитајте ги вашите одлуки;
- Не се менувајте само за да се прилагодите на доминантните општествени обрасци и норми;
- Не ги игнорирајте мислењата на луѓето за кои знаете дека се грижат за вас;
- Не влегувајте во нездрави односи засновани на експлоатација;
- Не инсистирајте на тоа дека сè е секогаш на ваш начин;
- Не трошете енергија на непотребни расправии;
- Не плашете се од неуспех;
- Не трошете го своето и времето на другите;
- Не се преправајте дека сте жртва;
- Не дозволувајте другите да ве омаловажуваат;
- Не дозволувајте емоциите да ве забават во постигнувањето на вашата цел;
- Не плашете се од предизвици;
- Не ги осудувајте другите луѓе само затоа што се различни од вас