15 момчиња завршиле во болница откако силувале магаре заразено со беснило

Сподели со своите пријатели

Петнаесет момчиња и тинејџери од мароканскиот регион Гарб-Чрарда-бени Хсен биле дел од третман против беснило, откако групно силувале заразено магаре.

Момчињата, на возраст од седум до 15 години, итно биле донесени во болница кога откриле дека животното кое го силувале било заразено со беснило.

Како пренесува „Мирор“, момчињата минале седум дена во болницата Мехра Белксири, а магарето било убиено за да се спречи ширење на заразата.

Локалните власти ги повикуваат сите кои имале сличен контакт со животното што поскоро да се јават на лекар. Се стравува дека бројката на инфицирани би можела да биде многу поголема, затоа што некои семејства ги воделе своите деца во болници надвор од регионот за да избегнат понижување во локалната заедница.

Родителите исто така тајно ги вакцинираат децата за да превенираат евентуална зараза.

Беснилото скоро секогаш е фатално кога се јавуваат симптоми, но лекувањето на време може да биде многу ефикасно. Болеста го напаѓа мозокот и нервите и обично се пренесува со каснување или гребнатини.

 

Loading...