Во денешнот време, кога науката и технологијата се значително подобрени, светот ни е доста подостапен. Со одредена количина на пари можете да седнете во авион и да заминете на другата страна на светот.
Сепак, постојат места на кои веројатно вашата нога никогаш нема да стапне, затоа што истите се забранети за целата човечка популација. Ние ви пренесува 15 локации кои никогаш (скоро) никој нема да ги посети, а веројатно би сакале.
Кралско воено воздухопловство Menwith Hill, UK
Британската кралска воздушна сила Menwith Hill е голем комплекс кој содржи цела низ аинтересни и единствеи структури. На оваа место, лоцирано близу Херогејт, се обезбедува комуникацијата и поаметната поддршка за Велика Бритнаија и САД. Ова место е опишано како најголема електронска станица за следење во целиот свет, а во комплексот е вклучена и уште една мала дополнителна станица за сателити која врши улога на пресретнување на комуникации, како и место за ракетни предупредувања.
Боемска шума
Во Боемската шума можете да влезете, но само ако сте маж. Дами, жал ни е, но секоја година во летните месеци, Боемскиот клуб ги повикува највлијателните луѓе во светот да се соберат на оваа локација и да минат две недели кампувајќи. Шумата се наоѓа во Калифорнија и се протега на околу 2.700 хектари, не „точната“ адреса не е позната.
Остров на змии
Далечните острови, среде море или океани за многумина се како рај, но не и Островот на змиите. Се наоѓа покрај брегот на Бразил, а колку е познато засега на овој остров живеат дури 4.000 видови најотровни змии на планетата. Ризикот за човечкиот вид е толку голем што властите на Бразил целосно забраниле било какви посети на оваа локација. Доколку мислите дека оваа одлука е претерана, би требало да знаете дека отровите на одредени змии кои живеат на овој остров можат целосно да го стопат човечкото месо.
Трезорот на Кока-кола
Кока – кола можеби е најпознатиот пијалак во светот, а за тоа постои и добра причина. Имено, компанијата воопшто не штедела која станува збор за тајната рецептура која ја користат за напитокот, па овој високо-технолошки трезор го чува рецептот за кој знаат само неколку луѓе во целиот свет.
Google Data центар
Центарот за податоци на Гугл првобитно бил изграден од контејнери за испорака, а се користи за чување на одредени сервери на Гугл. Сега капацитетот толку пораснал што ги вклучува сите компјутерски ресурси кои се потребни за да се создаде платформата на Гугл. Содржи неколку трилиони наши сочувани податоци и со самото тоа претставува една од најчуваните локации.
Тајниот архив на Ватикан
Ватикан веќе е доволно интересен, а неговата Апостолска библиотека напревена е во далечната 1475 година и поседува една од најзначајните колеции на историски текстови во светот. Во оваа билиотека може да се пронајде се, од древни мајански кодови, до книги кои наводно се докази за контакти кои луѓето ги оствариле со вонземјаните. Само неколку луѓе некогаш имале право да влезат меѓу овие ѕидини.
Скриениот трезор „The Mormon Church“
Се верува дека содржи преку три билиони страници информации кои се однесуваат на семејната историја на Американците. Трезорот е целосно затворен за било какви посетители, а се наоѓа на една страна од планината, па од тие причини температурата внатре е добро контролирана за да избраните документи се сочуваат од пропаѓање.
Форт Нокс
Форт Нокс, односно Американската воена пошта се наоѓа во кКентаки, јужно од Луизвил. Зазема 109.000 хектари и се смета за една од најбезбедните бази. Ја чуваат 30.000 војници, како и флота борбени хеликоптери, па шансите некој да влезе и излезе незабележително се никакви. Ако се прашувате што толку важно чуваат, таму се наоѓаат резервите за злато, но и многубројни други национални богатства.
Трезорот „The Svalbard Seed“
Овој трезор е лоциран на норвешкиот остров Спитсберген во далечниот Свалдбард архипелаг. Оваа безбедносна банка за семиња е осмислена за да сочува широк спектар семиња на растенија чии примероци се дупликати на оние кои се држат во светските банки за гени, кои ќе се употребат само по катастрофални природни несреќи. Влезот во трезорот е ектресмно ограничен, не е дозволен ниту за оние држави кои обезбедиле семиња кои тука се чуваат. Се води по договор од норвешката влада, Кроп Траст и Нордискиот генетски ресуресен центар.
Пине гап, Австралија
Пине Гап е единствен дел од австралискиот континент над кој е забрането летање авиони и хеликоптери. Во прашање е произведувач на клучеви за мрежата на глобален надзор Echelon. Се претпоставува дека овој регион делумно го води австралиската влада, а делумно американските агенции.
Пештерите Ласко, Франција
Овие пештери содржат преку 600 древени пештерски цртежи. Оваа локација е под заштита на УНЕСКО од 1979 година, а пет години претходно на ѕидовите започнале да се појавуваат цртежи, лишаи и кристали. Забраната за влегување во пештерата е на сила од 1963 година.
Соба 39, Северна Кореја
Тајна организација, исто така позната како буреау 39, формирана е во 1970 одина. Нивна цел е да пронајдат начин за добивање странски валути, за канцеларот Ким Џонг. Достапните податоци поврзани за оваа организација екстремно се ограничени, а се верува дека содржат преку 20 банкарски сметки со цел перење пари и други илегални операции.
Межгорје, Русија
Межгорје е едно од најдобро чуваните подрачја во цела Русија. Се верува дека Межгорје всушност е тајна нуклеарна ракетна локација. За оваа ракета се смета дека има способност за далечинско активирање во случај на нуклеарен штрајк. Локацијата отсекогаш била чувана од страна на два баталјони, обезбедувајќи дека никој не може да влезе, освен ако нема посебна дозвола.
Дизни клуб 33
Ланецот приватни ноќни клубови се наоша во три Дизни паркови, а информациите за постоење на овие клубови се чуваат како тајна. Оргиналната локација се наоѓа во срцето на Њу Орлеанс плоштадот во Дизниленд, како и на слични локации во Токио и Шангај. Влезот во овие клубови е строго забранет за „обичните смртници“, па не изненадува што оргиналнат алокација има 14-годишна листа на чекање. Бараната надокната за иницијација е 40.000 долари, следена со годишна надокната од 27.000 долари. Меѓу членовите се претседателот на Америка, разни бизнисмени и актери.
Ареа 51
Оваа локација се наоѓа во Невада, некои 80 километри од лас Вегас. Се до 2013 година американската Влада целосно негираше дека постои, па дури тогаш се дозна за неа. Инаку, целта на оваа база на јавноста не и е позната, но се претпоставува дека се користи за истражување и развој на експериментална авијација и вооружување.
Фото: Youtube printscreen/Ancient Code