15 лица загинаа во напад на црква за време на неделната миса во Буркина Фасо, јавува Анадолија.
Католичката црква Дори соопшти дека местото за богослужба во селото Есакане во државата Сено во регионот Сахел било нападнато од неидентификувани вооружени лица за време на неделната молитва.
Потврдено е дека во нападот загинале 15 лица, а двајца се повредени.
Западноафриканската држава Буркина Фасо и нејзините соседи Мали и Нигер се борат со бунтовниците поврзани со Ал Каеда и групата ИСИЛ.
Бунтовнички групи
Припадниците на вооружените групи зазедоа територии во сушниот и главно рурален север на Буркина Фасо, убивајќи стотици селани и раселени речиси два милиони други.
Тие ги блокираа градовите и селата, што ја влоши кризата со храна.
Несигурноста поради вооружените напади придонесе за политичка нестабилност во земјата.
Нападите на вооружените групи се проширија на југ, каде бунтовничките групи извршија и прекугранични напади во крајбрежните држави, вклучително и Брегот на Слоновата Коска, Бенин и Того.
Премиерот Аполинер Јоакимсон Килем де Тамбела во говорот минатата година рече дека 65 отсто од територијата на Буркина Фасо се уште е под државна контрола.