15 лица загинаа во израелските напади во Појасот Газа

Сподели со своите пријатели

Најмалку 15 лица, меѓу кои и деца, беа убиени синоќа во израелски напади во Појасот Газа, објави Цивилната одбрана.

Loading...

Седум лица, меѓу кои и едно дете, беа убиени во воздушен напад врз шатори за раселени лица во близина на Кан Јунис, на јужната палестинска територија, изјави претставникот на Цивилната одбрана, Мохамед ал-Мугаџир.

Осум лица, меѓу кои и две деца, загинаа во уште два напади врз кампови на брегот во близина на градот.

Израелската војска соопшти дека не може да коментира за конкретни напади, но додаде дека „спроведува операции за уништување на воените капацитети на Хамас“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Центрите за хуманитарна помош во Газа, досега убиени 613 лица

Израел неодамна ги прошири своите воени операции, речиси 21 месец по почетокот на војната со Хамас.