Најмалку 15 лица загинаа, а повеќе се повредени во петокот по голема експлозија во индустрискиот град Фајсалабад во пакистанската покраина Пенџаб.
Медиумската куќа „Даун њуз“ објави дека експлозијата предизвикала уривање на зграда и оштетување на околните згради.
Повредените се префрлени во болници, а спасувачките екипи се уште се на терен.
Во извештајот се наведува дека експлозијата е предизвикана од истекување на гас.
„Пожар избувна во една од фабриките поради истекување на гас и ги зафати и другите фабрики“, се наведува во извештајот.

