15 казни за неносење маска вчера во Куманово

Сподели со своите пријатели

Петнаесет лица вчера во Куманово биле казнети поради непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето.

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (23.08/24.08.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 19 лица не ја почитувале, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени пркешочни налози, 15 биле на подрачјето на Куманово и 4 во Кратово.

Против нив, како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, поднесени соодветни поднесоци.

Никола Ивановски