Вчера 19.05 часот во Скопје, во депото на Македонски Железници, 15-годишник од Скопје се качил на вагон – цистерна со намера да се фотографира. Но, кога се доближил до електричниот вод, кој е под висок напон, бил удрен од струен удар и притоа здобил со тешки телесни повреди.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, од страна на екипа од Итна медицинска помош малолетнико бил пренесен во Ургентен центар Скопје каде е задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.