СВР Куманово поднесе кривична пријава против петнаесетгодишник од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело разбојништво.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, пријавениот на 09.03.2017 година околу 17.00 часот на ул. „Ѓуро Пуцар Стари“ во Куманово, во куќата сопственост на Ш.А., каде живеел под кирија, со употреба на подесен предмет насилно ја скршил влезната врата на куќата во која живее Ш.А., влегол внатре и со закана и побарал пари.
Откако Ш.А. се отргнала и избегала од куќата, пријавениот извршил пребарување по собата и од чантата на оштетената одзел 500 евра и се оддалечил од местото на настанот.