15-годишник од Куманово украл паркиран автомобил и крадел од приватни имоти

Сподели со своите пријатели

Петнаесетгодишник од Куманово вчера бил приведен откако првин украл паркиран автомобил, а крадел и од приватни имоти.

– На 23.02.2026 во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15 – годишник од Куманово затоа што одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј.(25) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од кумановската полиција, тој се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.

– Малолетникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нови зелени површини во Куманово преку прекуграничен проект со Бугарија (ФОТО)

Никола Ивановски