Петнаесетгодишник од Куманово вчера бил приведен под сомнение дека украл повеќе предмети од приватен имот.
– На 23.12.2025 во 11:10 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат до МВР, тој се сомничи дека од приватен имот во Куманово одзел повеќе предмети.
– По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок, стои во соопштението.
Никола Ивановски

