Нашиот свет е полн со неверојатни и понекогаш неочекувани факти. Со овие информации не само што ќе научите нешто ново, туку и ќе се расположите. Овие факти ќе го променат начинот на којшто го гледате светот.
1. Во Франција е дозволен брак со мртви луѓе
Во Франција, постхумните бракови каде што еден од сопружниците е мртов се легални. Овој вид брак е легален и во Кина и во Судан. Поднесени се дузина барања во Франција од 20-тиот век до денес, и повеќето се одобрени.

2. Очите на нојот се поголеми од неговиот мозок
Очите на нојот често се споредуваат со топчиња за билјард. Нивните очи се толку големи што во черепот може да се смести само мозок со големина на орев. Масата на мозокот на нојот е 2 пати помала од онаа на очите.

3. Пилата е измислена како помагало за породување
Во 1830-та година, ортопедот Бернхард Хајн го направил првиот хируршки инструмент за сечење коски во кој била вклучена и пила. Пилата била неверојатно корисна при симфизотомија, алтернатива на царскиот рез.
4. Во Исланд било забрането да се галат кучиња цели 60 години
Забраната била ставена во 1924-та година откако се открило дека кучињата се преносители на тенија. Овој паразит е особено опасен бидејќи може да предизвика сериозни инфекции, па дури и слепило. Во 1984-та година забраната била тргната, но во текот на тие 60 години мачката станала омилено домашно милениче.

5. Анатидаефобија: Страв дека ве гледа патка
Овој поим е создаден од Гери Ларсон кога цртал една карикатура. Таа се состоела од 2 збора – anatidae и phobia.

6. Наполеон бил нападнат од зајаци
Во 1807-ма година, Наполеон решил да прослави со лов. Човекот одговорен за организацијата добил наредба да купи диви зајаци. Но, животните се однесувале многу чудно. Кога започнал ловот наместо да бегаат, зајаците почнале да напаѓаат. Сигурно не знаеле дека го нападнале моќниот Наполеон. Генералите и војниците веднаш почнале да му помагаат, но залудно. Она што е уште почудно е што императорот се исплашил и избегал.

7. Пајак вегетаријанец
Постојат околу 40.000 видови пајаци во светот. Во главно тие се хранат со инсекти и други суштества. Сепак, во Централна Америка бил пронајден пајак вегетаријанец наречен Bagheera Kiplingi. Ова е првиот пајак што ни е познат што се храни само со растенија.

8. Ликови од „Покемон“ крстени според Брус Ли и Џеки Чен
Знаевте ли дека Хитмонли и Хитмончан се крстени според легендарните Брус Ли и Џеки Чен? Хероите од акционите филмови биле инспирација и за двата покемони, но на почетокот никој не обрнал внимание на сличноста на имињата.
9. Параскаведекатриафобија е страв од петок 13-ти
Овој збор е предложен од доктор Доналд Доси, основачот на Центарот за справување со стрес и фобии од Јужна Калифорнија. Тој почнал да им вели на пациентите дека штом ќе научат да го прочитаат зборот, ќе се излечат од нивната фобија. Модерните специјалисти не би го прифатиле овој чуден метод на лекување.
10. Компанијата LEGO Group е најголем производител на гуми во светот
Оваа компанија произведува над 300 милиони гуми годишно. Ниту една друга компанија не го прави ова. Но, има и нешто друго – тие произведуваат мали гуми за нивните LEGO играчки и не можат да се натпреваруваат со гигантите како Michelin и Goodyear.

11. Кучето Боско било градоначалник 10 години
Кучето по име Боско, мешавина од лабрадор и ротвајлер, било избрано за градоначалник на малиот град Сунол во Калифорнија. Боско останал на оваа позиција од 1981-ва година, до неговата смрт во 1994-та година.
12. Стриповите со Пајо Паторот биле забранети во Финска
Стриповите со најпознатиот патор во светот постоеле во Финска од 1951-ва година. Но во 1977-ма година се донела одлука дека ликот не е добар за младите бидејќи не носи панталони. Денес забраната не важи и овие стрипови се навистина барани.
13. Во Англија обележувањето на лебеди се одржува секоја година
Секоја година се одржува обележување на лебедите во реката Темза. Според традицијата, сите диви животни во државата ѝ припаѓаат на кралицата. Додека трае процедурата, „обележувачите“ пловат во реката со чамци, ги фаќаат лебедите и ги обележуваат. Во 2009-та година и кралицата Елизабета присуствувала на настанот.

14. Шкотланѓаните имаат 421 синоним за зборот „снег“
Научниците од Универзитетот во Глазгов забележале 421 синоним за зборот „снег“. Овој факт значи дека Шкотланѓаните имаат голем избор кога сакаат да ја опишат зимата. Имаат изрази како „spitters“ (мали снегулки), „snaw-pouther“ (снег погоден за возење) и „flindrikin“ (порој од снег).
15. Мачките имаат 4 прсти на задните и 5 на предните шепи
5-тиот прст на предните шепи им помага да фаќаат работи. Дури и луѓето кои немаат мачки знаат колку им е лесно да се искачуваат. Мачките имаат и посебен дел на предните шепи кој го користат за да го остават својот мирис на местата што ги посетуваат.
