15 бегалци утринава се евидентирани во ПТЦ Табановце

Сподели со своите пријатели

Вкупно 15 бегалци утринава биле евидентирани во Прифатно-транзитниот центар Табановце, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

За нивното сместување и натаму се грижат екипи на Црвениот крст, во соработка со Министерството за труд и социјална политика.

– Денес во 10:50 часот во кампот пристигнаа сами двајца бегалци од Ирак, на 30 и 33-годишна возраст. Им направивме документи ги сместивме во бараката Ц15 и Црвен крст им даде се што им беше потребно. Меѓутоа веднаш си заминаа од кампот заедно со десетте бегалци од Иран кои дојдоа вчера во кампот, информираат од МТСП.

Во периодот од 16. до 19. март мобилните тимови на Црвениот крст опслужиле и 46 мигранти на потегот на селата Лојане и Ваксинце.

фото: архива

Leave a Reply