14 точки на утрешната седница на Советот на Општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово утре со почеток во 10 часот во големата сала на поранешен Комитет ќе ја одржи 59. седница, на чиј дневн ред ќе се најдат вкупно 14 точки.

Loading...

Во продолжение целосниот дневен ред:

1. Програма за измена и дополнување на Програмата за работа на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2021 година;

2. Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за вработување на определено време на двајца извршители (даватели на услуги);

3. Предлог – Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Куманово за 2021 година;

4. Предлог – Одлука за измена наОдлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за јавен градски и меѓуградски превоз за 2021 година;

5. Предлог – Одлука за начин на користење на отворено спортско игралиште „Соколана“ Куманово и утврдување на цена на влезници за 2021 година;

6. Предлог – Одлука за измена на режим на сообраќај на крак од улицата „Иво Лола Рибар“ (Нагорички сокак) во Куманово;

Loading...

7. Предлог – Одлука за измена на режим на сообраќај на дел од улица „Димитар Влахов“, дел од улица „Ленинова“ и крак на улица „Октомвриска Револуција“ во Куманово;

8. Измена и дополнување на планот и програма за развој на Општина Куманово за 2021 година;

9. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2021 година;

10. Предлог – Решение за разрешување и избор на член на Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања на Советот на Општина Куманово;

11. Предлог – Решение за разрешување и избор на претседател на Комисијата за образование, култура и спорт на Советот на Општина Куманово;

12. Предлог – Решение за разрешување и избор на член на Комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија на Советот на Општина Куманово;

13. Предлог – Решение за разрешување и именување на член на Управен одбор на Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови „Куманово – план“ Куманово;

14. Предлог – Решение за измена на Решението за определување на членови на Советот на Општина Куманово кои ќе учествуваат при склучување на бракови во Општината Куманово

Loading...

Leave a Reply