На социјалните мрежи се шири видео кое наводно го прикажува моментот кога двајца украински експерти за отстранување експлозиви деактивирале руска бомба со голи раце и шише вода.
САД проценуваат дека до 6.000 руски војници загинале во Украина
Клипот од 31 секунда, прегледан повеќе од 1,4 милиони пати, е насловен како „Процесот на деактивирање на бомбата“ и прикажува двајца мажи како клекнуваат покрај бомба и се обидуваат да ја деактивираат со раце и шише вода.
Чарлс Листер, висок соработник и директор на програмата за Сирија и борбата против тероризмот и екстремизмот во Институтот за Блискиот Исток, сподели видео во кое го опишува моментот како чин на „зачудувачка храброст“.
– Оваа руска бомба би ја израмни зградата, а сепак овие украински експерти ја деактивираат со двете раце и шише вода додека во близина се слушаат како паѓаат гранати – напиша Листер.
This #Russia-dropped bomb would flatten a building — and yet these #Ukraine EODs defuse it with 2 hands and a bottle of water, while shells audibly land nearby.
Mind boggling bravery.pic.twitter.com/KvCZeOxRyz
— Charles Lister (@Charles_Lister) March 9, 2022