Вкупно 14 илегални мигранти пред два дена биле откриени во куќа во атарот на селото Ваксинце, а приведено е едно лице сопственик на куќата, информираат од Министерството за внатрешни работи.
На 19.06.2016 година, околу 13.00 часот во селото Ваксинце – Куманово, во близина на чешмата „Буци“, од страна на полициски службеници било забележано патничко возило „Ауди А6“ до кое стоеле тројца мигранти, на кои М. С. (21) од с.Ваксинце од багажникот на возилото им подавал патни торби, а кога мигрантите ги забележале полициските службеници, се обиделе да избегаат, по што влегле во куќата на М.С.
Од страна на полициски службеници бил извршен преглед на просторијата која претходно била отворена, каде
биле затекнати 14 мигранти. М.С. е приведен во Секторот за внатрешни работи – Куманово, а за преземаат мерки за целосно документирање на случајот.