14 литри дожд наврнаа во Куманово, дождливото време продолжува

Сподели со своите пријатели

Вкупно 14 литри дожд паднале во Куманово во текот на изминатото деноноќие, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.

Најмногу дожд наврнал во Крива Паланка, вкупно 39 литри на метар квадратен.

Времето денеска низ Македонија ќе биде претежно облачно, во источните делови со повремен локален дожд во пониските, дожд и снег на повисоките места, а на планините слаб снег.

Попладне во западните делови облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 12 степени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведени три лица во Куманово: Украле чанта и паричник

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо време со услови за дожд, но и за кратки сончеви периоди.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.

Утринската температура ќе се движи околу два степени под нулата, а дневниот максимум ќе достигне 6 степени целзиусови.

Останува на сила портокаловото предупредување за опасност од дожд.

 

 

Утре низ кумановско повторно ќе имаме претежно облачно време со врнежи од дожд и услови за кратки сончеви периоди.

Никола Ивановски