Ученикот Коста Кецмановиќ (14) денеска упаднал во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар и убил најмалку шест лица, а неколкумина се повредени, пишува Н1.
Како што може да се види во училишната евиденција, Коста Кечмановиќ учествувал на многу училишни натпревари.
Неколку пати учествувал на натпревари по математика и добиваше пофалби, пишува Нова.рс.
Кецмановиќ лани го освоил и третото место на општинскиот натпревар по историја.
Денеска целиот кравав пир започнал токму поради неговиот гнев кон наставникот по историја, на чиј час утрово упаднал и почнал да пука.
Пукањето се случило околу осум часот, кога Коста К. упаднал во училиштето и почнал по случаен избор да пука.
Прво пукал во учениците и наставничката во канцеларијата по историја, а потоа продолжил.
Пред училиштето „Владислав Рибникар“ децата, но и нивните родители се видно вознемирени.
Во престрелката загинаа најмалку шест деца, а неколкумина се повредени.
Три деца се хоспитализирани на Детската универзитетска клиника на улица Тришова, две се стабилни, додека едно дете е во критична состојба.