14-годишник од Куманово настрада цепејќи дрва во приватен склад

Сподели со своите пријатели

Четиринаесет годишно момче од Куманово настрада при несреќа која се случила додека со својот врсник и уште едно лице цепеле дрва во приватен склад за огревно дрво, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Имено, во текот на вчерашниот ден околу 12.00 часот во Куманово на улицата „Моша Пијаде“ во складот за огревно дрво, сопственост на З.Т.(50), од страна на Д.В.(48) биле ангажирани Б.П.(22) и две четиринаесетгодишни момчиња, сите од Куманово, да исцепат дрва.

Додека работел едниот четиринаесетгодишник покрај него поминало другото момче на иста возраст кое се занело и ја ставило левата рака на трупецот на кој првиот цепел дрва. Истиот, притоа, со секира во пределот на малиот прст од левата рака го повредил неговиот врсник кој се занел и паднал. Повреденото момче било пренесено во Клинички центар Скопје на понатамошо лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово. Јавен обвинител констатирал постоење на кривично дело „предизвикување општа опасност“ по чл.288 ст.4 вв ст.1 од Кривичниот законик на Република Македонија.