Во Општа болница Куманово во текот на изминатите 48 часa биле донесени 14 лица на кои им биле направени специјалистички прегледи, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
На бегалците им биле извршени потребните иследувања и интервенции и им била дадена соодветна медицинска терапија, по што иститесе вратени во Транзитниот центар Табановце.
Инаку вчера во кампот имало вкупно 1038 бегалци, додека на граничниот камен нема бегалци.