14.000 евра запленија цариниците на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Вкупно 14.000 евра во текот на изминатата недела заплениле мобилните царински тимови на влез во државата на граничен премин Табановце.

Kако што информираат од Царинската управа, при личен претрес на српски државјанин кој со автомобил со српски регистарски таблички се пријавил за влез во државата на граничниот премин Табановце, во џебовите од неговата јакна биле пронајдени непријавени 24 илјади евра.

– Согласно закон, му биле вратени 10 илјади евра, износ што може слободно да се внесе во државата, а останатите 14 илјади биле привремено задржани, појаснуваат од Царина.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нов паркинг и клима уреди во Општа болница Куманово