13 штеки цигари запленети на ГП Табановце

Сподели со своите пријатели

Вкупно тринаесет штеки цигари „RODEO“ и „ROTHMANS“, со македонски акцизни маркички, биле откриени при контрола на бугарски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат.

Непријавените цигари, како штио информираат од Царинската управа на Република Македонија, се пронајдени дел под пластиката кај менувачот и дел во торба сместена во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

Leave a Reply